УГД на Mеѓународна конференција „5 години од бегалската криза“

UGD-na-Megjunarodna-konferencija-5-godini-od-begalskata-kriza.jpg

УГД на Mеѓународна конференција „5 години од бегалската криза“

Во рамките на Жан Моне проектот за вмрежување „Системи на политики за миграција и азил“ (МАПС), предводен од Универзитетот „Ориентале“ во Неапол, во кој Универзитетот „Гоце Делчев“ учествува како партнер-инситуција, на 16.11.2020 г. се одржа Mеѓународна конференција на Европскиот универзитет „Виадрина“ во Франкфурт со наслов „5 Years Refugee Crisis“ (5 години од Бегалската криза), во организација на проф. Јенц Лович (Jens Lowitzsch). 

Трудовите презентирани на конференцијата говореа за системот на миграција и азил во Германија, како и за пресекот на сегашната ситуација, статусот не непридружувани малолетници, но и за социјалните аспекти поврзани со интеграцијата на бегалците и на мигрантите во општествата.

Во овие рамки, како претставници и стејкхолдери од пошироката мрежа на МАПС проектот за УГД учествуваа Мерсиха Смаиловиќ од невладината организација ЛЕГИС и Зоран Дранговски од Македонската асоцијација на млади правници. Темите со кои се приклучија кон дебатата беа „Бегалците за време на КОВИД-19“ и „Балканската рута – 5 години подоцна“. Презентациите побудија особен интерес кај учесниците заради актуелноста на третираните прашања.

Агенда>>

Извор: УГД

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail