УГД на Саемот за образование и кариера

fc5dee0557d5c28746f896256ed98905_XL.jpg

Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип ќе учествува на Саемот за образование и кариера кој ќе се одржи во периодот од 6 до 8 април на Скопскиот саем.

УГД пред матурантите, заинтересираните граѓани и потенцијални студенти ќе ги претстави условите и можностите за студирање во рамки на своите факултети и уметнички академии.

Со разновидната понуда составена од преку 90 атрактивни студиски програми, Универзитетот „Гоце Делчев“ останува современа високообразовна институција која ги следи глобалните научни и образовни трендови.

Посетителите на штандот на УГД, кој ќе биде сместен во хала 2 на Скопскиот саем, ќе имаат можност да се информираат за сите услови и можности за студирање, да разговараат со своите идни професори и на тој начин полесно да донесат одлука каде ќе го продолжат своето образование.

Штандот за посетителите ќе биде отворен од 10 до 20 часот во четврток и во петок, а во сабота од 10 до 14.30 часот.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail