УГД: Од студентите за студентите-Симулирано судење на процес пред европскиот суд на човекови права

teodora-1.jpg

По враќањето од меѓународниот натпревар по симулирани судења во Вршац, каде го освоија второто место, студентите од правниот факултет на Универзитетот ,,Гоце Делчев“, денеска одржаа симулирано судење пред своите колеги во Штип.

Станува збор за осми по ред Футура регионален натпревар, кој се организира од страна на Цивил рајтс дефендерс, а се работи за симулирање на судење пред европскиот суд на човекови права.
“Во натпреварот ние ја застапувавме државата од една страна, а другиот тим ги застапуваше апликантите. Се натпреварувавме со осум тима и го освоивме второто место. Денеска сме овде да им го пренесеме искуството на нашите колеги” -вели Марија Коцева која учествуваше во тимот на апликантите.
Студентите учесници се едногласни дека од натпреварот во Вршац донеле многу позитивни искуства и им препорачуваат на останатите студенти активно да се вклучуваат во вакви настани.
,,Натпреварот беше на тема азил и мигранти. Секој студент на правен треба да се избори за учество на тој натпревар бидејќи искуството и чувството да се биде пред судиите е прекрасно” , вели Елена Трајковска, која учествуваше во тимот кој ја застапуваше државата.
Студентите од правниот факултет при УГД континуирано учествуваат на најразлични натпревари од областа на правото и често достигнуваат значајни резултати.

извор: Ммс

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail