УГД: Одржан курс за креирање видеолекции

2c593ca5084271e3271767ea5d67e498_XL.jpg

Центарот за електронско учење на УГД (ЦЕУ) реализираше воведен курс за дизајнирање и креирање на видеолекции, кој е наменет за наставничкиот кадар на Универзитетот „Гоце Делчев“ (професори и асистенти). Целта на овој курс е да се обучат професорите и асистентите за нов начин на пренесување на знаењата, со користење на современите технологии во новите пристапи во наставата.

Видеолекција се подразбира дека е едукативно видео или академско предавање, конференција или презентација од некој професор, коешто е снимено и публикувано онлајн преку некој LMS (пр. Moodle) или јавно, на пример преку Јутјуб.

На воведниот курс беше разгледана употребата на видеолекциите во додипломските курсеви: преку дизајн и креирање на видеолекции до методолошки пристап и дискусија за предностите, недостатоците, можностите и предизвиците со кои се соочува оваа технологија. Употребата на кратки видеопредавања може да стане успешна практика со користење на нови пристапи во наставата, како што е превртена училница (flipped classroom).

извор: UGD Life

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail