УГД поддржувач на Oтворениот фестивал „Алшар 2017“

f4db67ec2dbaadd122c4c0b528856935_XL.jpg

Здружението „Тиквешки точакџии“ во изминатиот викенд го организираше вториот по ред Отворен фестивал во недопрените предели на планината Кожуф, со посета и запознавање на мистериозниот Алшар.

Овој фестивал на отворено, кој претставува извонреден спој на науката, младоста и спортската авантура, уште со своето деби минатата година постигна полн погодок, ги освои срцата на вистинските љубители на природата со над 3 000 посетители и претставува вистински пат за развивање на еко и геотуризмот во овој дел на Македонија.

Официјалното отворање го направи најпознатиот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе, по што следуваа големата и малата велосипедска тура, големата и малата планинарска тура во координација со Спортско-планинарското друштво „Орле“ – Кавадарци, како и стартот на планинарскиот маратон во координација на Атлетскиот клуб „Меридијан“ – Кавадарци. Детали и атмосферата на настанот можат да се видат во видеото во продолжение.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail