УГД: Посета на Меѓународниот саем за туризам во Белград

391ea8910617ad2f9d1c0fb68b3cc265_XL.jpg

Во периодот од 23 до 26 февруари 2017 година, студентите од Факултетот за туризам и бизнис логистика, од насоките кои се изучуваат во Гевгелија, Штип и во Скопје, реализираа четиридневна екскурзија до Белград.

Целта на оваа теренска настава во странство беше посета на Меѓународниот саем за туризам во Белград, кој е најголем и најпосетен саем од овој карактер во Источна Европа со 39 години традиција. На Саемот за туризам имаше бројни претставници од туристичката индустрија, како национални туристички организации, туристички агенции, хотели, угостителски објекти, спа центри, општини, занаетчии, факултети за туризам, производители на храна и пијалаци, производители на угостителска опрема и технологија од целиот свет и др. На Саемот се одржа и Меѓународна конференција за претприемништво во туризмот со еминентни предавачи од туристичкиот бизнис, каде што учествуваа професори и студенти од ФТБЛ. Студентите од Универзитетот „Гоце Делчев“, покрај посетата на Саемот за туризам, направија и разглед на градот Белград со локални туристички водичи, а во програмата беа посетени: улицата „Кнез Михајлова“, Белградската тврдина, Калемегдан, стадионот на „Црвена ѕвезда“, Дедиње, храмот „Св. Сава“ и др. Во рамките на теренската настава тие го посетија Хотелот „Мериот“, еден од најпрестижните светски хотелски синџири, а менаџерскиот тим на хотелот ги запозна студентите на УГД со технологијата на хотелско и ресторанско работење и дополнителните услуги што ги предлага објектот. Студентите имаа организирано крстарење со брод по реката Дунав, како и посета на ноќните клубови (сплавови) во Белград, со што се запознаа со туристичката понуда за забава и ноќниот живот во градот. Исто така, тие го посетија и Трговскиот центар „Ушче“, кој е најголем трговски центар во Белград и дел од понудата за шопинг туризам во градот.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail