УГД: Работна средба на проектот „Биоотпад“

a48f7e83259bb07b7a730fbccb7e8ddc_XL.jpg

На состанокот присуствуваше комплетниот проект менаџмент тим на УГД и Општина Пробиштип со проект менаџерот м-р Васко Златковски, техничките лица за проектот проф. д-р Ѓорѓи Димов и Марјан Михајлов и проф. Такис Манијос од Техничкиот институт во Крит. Клучна расправа водеа техничките лица и двајцата експерти од Универзитет „Гоце Делчев“, проф. д-р Дејан Мираковски и проф. д-р Марија Хаџи-Николова, со техничките лица, претставници од Општината, директорот на комуналното претпријатие за собирање отпад и сопствениците на хотелите вклучени во проектот. Главната дискусија беше за поедноставување на системот „плати колку ќе фрлаш“ и локацијата на автокомопостерите кои ќе го преработуваат биоотпадот до биоѓубриво.

Идејата за лоцирање на автокомпостерите е дел од една подолгорочна визија за промена на навиките на луѓето – селекција, сепарација и рециклирање на отпадот. Иако Општина Пробиштип би била пилот-проект во Македонија, истата добра пракса може да се преслика во сите општини низ Македонија.

„Биоотпад“ е проект финансиран од Европската комисија според  програмата Балкан – Медитеран. Вреден е 1 300 000 евра и трае 24 месеци. УГД е вклучен во тимот менаџирање, технички лица и експертиза.

Извор: UGD Life

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail