УГД со хуманитарни концерти на Васил Хаџиманов бенд и Break The Floor

f32ff9eefb43b2acec245bea9b41330e_XL.jpg

Универзитетот „Гоце Делчев“ во наредните денови се вклучува во организацијата на два концерта кои имаат хуманитарен предзнак. Најпрвин во четврток, 23.11.2017 година, со почеток во 20 часот, во Мултимедијалниот центар на УГД ќе се одржи концерт на Васил Хаџиманов бенд. Цената на влезниците за овој концерт е 100 денари, а собраните средства ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

Ова е второ гостување на Васил Хаџиманов бенд на сцената на Мултимедијалниот центар и е одлична можност за уживање во квалитетна џез музика.

Извор: UGD Life

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail