УГД со иновативни технологии ќе ги мотивира студентите да спортуваат

sport.jpg

Дел од активностите во проектот опфаќаат креирање на наставна програма за студенти кои активно не се занимаваат со спорт и нивно мотивирање за физичка активност преку користење на мобилни апликации и иновативни технологии.

Моменталните активности се насочени кон креирање на прототип за мобилна апликација која ќе ги следи здравствените промени и индивидуалните ефекти од вклученоста во физичка активност. Во текот на проектот, истиот ќе биде тестиран и евалуиран со конечна цел – примена меѓу студентите и младите. Покрај наведените активности, предвидени се и бројни работилници и спортски настани кои имаат за цел поттикнување и јакнење на волонтерството во спортот – изјави доц. д-р Билјана Попеска, професор по спорт на УГД.

Во рамките на последниот состанок на работна група кој се одржа во спортскиот центар на Универзитетот во Австрија беа тестирани и селектирани неколку спортски активности како модели на физичка активност кои ќе бидат дел од експерименталната програма. Имплементацијата на програмата е предвидена за почетокот на 2018 година и таа ќе се реализира со студенти на сите универзитети партнери во проектот, вклучувајќи го и Универзитетот „Гоце Делчев“. Сите заинтересирани студенти од УГД ќе имаат можност се вклучат како директни учесници или како волонтери во сите проектни активности.

Покрај Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, како партнери во проектот се вклучени Одделот за спорт на Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ (Р Бугарија), Универзитетот од Виена (Австрија), Универзитетот на Западна Унгарија (Унгарија), Фондацијата за млади во науката и бизнисот (Естонија) и Асоцијацијата за истражувања и иновации „Krefjandi“ (Исланд).

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail