УГД: Студентите на Правен факултет на регионален натпревар за симулирано судење

71c43bc146275a525c7bdaf49e0cb02b_XL.jpg

Студентите на Правен факултет викендов учествуваа на 7. Регионален „Moot Court Futura“ натпревар за познавање на постапката пред Европскиот суд за човекови права и Европската конвенција за човекови права. Во тимот на апликантите се натпреваруваа Ана Здравева, Аљоша Кацаров и Филип Кулаков, со Иван Ангеловиќ како резерва.

Во тимот на респондентите застапници на државата беа Кристијан Панев, Елена Тасева и Ивана Стојанова, со Дејан Михајлов како резерва. Студентите се менторирани од страна на доц. д-р Дејан Маролов и ас. д-р Елена Максимова.

На натпреварот учествуваат осум правни факултети од три држави во регионот. Студентите одлично го претставија Универзитетот „Гоце Делчев“ и имаа одлични излагања, на крајот го освоија петтото место во многу силна конкуренција на регионални универзитети.

УГД веќе традиционално учествува на овие натпреавари на кои судии се експерти и судии од Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail