УГД учествуваше во одбележувањето на 115 години од загинувањето на Гоце Делчев

UGD-uchestvuvashe-vo-odbelezuvanjeto-na-115-godini-od-zaginuvanjeto-na-Goce-Delchev.jpg

УГД учествуваше во одбележувањето на 115 години од загинувањето на Гоце Делчев

Универзитетот „Гоце Делчев“ се вклучи во одбележувањето на 115-годишнината од загинувањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, чие име го носи.

Ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев, беше дел од делегациите кои положија цвеќе и се поклонија пред саркофагот со посмртните останки на Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, каде што во присуство на претставници од највисокиот државен врв беше одржана и панихида за револуционерот.

Одбележување на денот на загинувањето на Гоце Делчев беше организирано и во Штип. Претставници на Локалната самоуправа, организацијата на борци, политичките партии и институции и установи кои го носат името на револуционерот оддадоа почит пред релјефот на Делчев, пред објектот на Ректоратот на УГД. Како претставник на УГД, пред релјефот на великанот Делчев се поклони проректорот проф. д-р Дејан Мираковски.

Извор: UGD Life

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top