УХМР ПРЕДУПРЕДУВА: По пеколот следи силно невреме

nevreme.jpg
Утре нашето подрачје се уште ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса и времето ќе биде многу топло со натпросечни температури. Максималната температура во Повардарието и јужните длеови ќе го надминат 40-от степен.
Во недела од север ќе се спушти посвежа воздушна маса што ќе предизвика на повеќе места нестабилно време со поројни врнежи од дожд и појава на грмежи, особено попладне. Локално е можна појава на невреме.
Во понеделник ќе преовладува променливо и свежо време со локален дожд. Во недела ќе дува умерен, а во понеделник и вторник засилен ветер од северен правец кој ќе предизвика значително опаѓање на максималната температура која во понеделник ќе биде најниска до 21 степен.
Од вторник се очекува стабилизирање на времето и температурите ќе почнат постепено да се покачуваат.
Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail