Од вторник се очекува голема промена на временската состојба, најавуваат од УХМР. Ќе имаме прилично нестабилно време, со врнеќи од дожд кои на повеќето места ќе бидат поројни со последователни грмежи и засилен ветер во северните делови.
Ќе дува и умерен југозападен и јужен ветер, кој попладне на одредени места ќе се засилува.
Од среда до петок претпладне, времето ќе биде променливо и посвежо со локален дожд.
Дневната температура, почнувајќи од запад ќе биде во опѓање, кое ќе продолжи и во среда и четврток и ќе се движи во интервалот од 26 до 33 степени. УВ индексот ќе има вредност помеѓу 8 и 7.