УЈИЕ добитник на 11 грантови за истражување од ЕУ и од националните институции

UJIE-dobitnik-na-11-grantovi-za-istrazuvanje-od-EU-i-od-nacionalnite-institucii.png

УЈИЕ добитник на 11 грантови за истражување од ЕУ и од националните институции

Универзитетот на Југоисточна Европа преку факултетите и Институтот за истражување „Макс ван дер Штул“, за периодот 2019-2020 година, успеа да биде дел од 11 грантови за истражување доделени од ЕУ, други меѓународни институции и национални институции.

„Силно веруваме дека овие проекти значително ќе ги прошират истражувачките капацитети на Универзитетот и ќе имаат трајно влијание врз општеството на знаење“, вели проф. д-р Вели Креци, директор на Институтот за истражување „Макс ван дер Штул“.

Тековно се спроведуваат два проекти од најважната програма на Европската комисија Хоризонт 2020 или се очекува да бидат завршени.

Проектот Smart4All е проект во рамките на Програмата Хоризонт 2020, во кој учествуваат повеќе универзитети во регионот. Овој проект има за цел да влијае и да го елиминира јазот во финансирањето преку конкретни решенија во области како што се: дигитализиран транспорт, дигитализирано земјоделство, дигитализирана животна средина и сè друго дигитализирано. Овој проект се очекува да заврши во 2024 година.

Следниот проект, кој е при крај и кој е исто така дел од програмата Хоризонт 2020, е Fed4FIRE +, што е најголемата база на податоци за тестирање делови за Интернет за следната генерација. Овој проект поддржува и олеснува разни иницијативи и истражувања во Европа, вклучително и 5G мрежата. Проектот започна во 2017 година и се очекува да биде завршен во декември 2021 година. Резултатите од експериментите ќе можат да ги искористат компаниите во Технолошкиот парк при УЈИЕ и ќе им овозможат на студентите на магистерски и докторски да објавуваат на светски реномирани конференции.

Друг проект што го спроведува УЈИЕ е проектот добиен од Еразмус + Програмата, насловен „Вклучување на Ромите и емигранти во училиштата: обука, отворени дискусии и доброволни активности на младите (RoMigSc)“. Овој проект има за цел да ја елиминира дискриминацијата, сегрегацијата и да ги поттикне доброволните активности меѓу младите Роми и мигрантите.

Во рамките на програмата Еразмус КА201, Универзитетот доби грант за проектот „FOSTering Science through STEM Education“ (Зајакнување на науката преку СТЕМ образование) чија цел е подобрување на СТЕМ образованието во средните училишта во Северна Македонија. Тоа дополнително ќе му помогне на УЈИЕ да воспостави креативна лабораторија, уникатна средина каде студентите на УЈИЕ и пошироката заедница ќе можат да создаваат прототипови, да пронаоѓаат, да играат и да учат.

Проектот насловен: „Магистерски студии по одговорно буџетирање“, исто така е грант освоен од Еразмус КА203 програмата и има за цел да ги развие капацитетите на високообразовните институции во обезбедувањето курсеви и програма за магистерски студии за родово одговорно буџетирање.

Од Фондот за иновации и развој, УЈИЕ во соработка со Школата за мрежи, успеа да добие грант за имплементација на проектот за иновација за комерцијализација, каде што двете институции, со ангажирање на дипломиран академски кадар на реномирани универзитети ширум светот, ќе организираат стручни обуки за бизнисот, институциите и другите стејкхолдери

Агенцијата за електронски комуникации го поддржа проектот на УЈИЕ и WISP: Кон изградба на телекомуникациска инфраструктура за граѓаните.

Министерството за култура на Северна Македонија додели грант на УЈИЕ за проектот „Етичко однесување на младите во мултикултурно опкружување“.

Главната цел на Институтот за истражување „Макс ван дер Штул“ е активно вклучување на студентите во истражувачки активности за време на проектот. Докажано е дека истражувачкото искуство на студентите ги поттикнува тие да бидат поактивни во процесот на учење.

Извор: УЈИЕ

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail