УЈИЕ е посебен и иновативен модел на високото образование во согласност со меѓународните трендови

univerzitet-jie.gif

Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ), проф.д-р Замир Дика беше гостин во рубриката „10 минути“ на националната телевизија ТВ21 и зборуваше за студиските програми кои Универзитето ги нуди. Тој рече дека УЈИЕ е образовна институција која претставува инвестиција координирана меѓу меѓународната заедница, локалната заедница и аспирациите на младите луѓе за квалитативни студии. ВО УЈИЕ академските понуди се стандардизирани со меѓународно искуство на меѓународните партнери ( од САД и од ЕУ) кои го основаа Универзитетот.

 

Следејќи ја оваа тесна соработка со нашите меѓународни партнери, цело време ги следиме трендовите во рамките на заедничкиот европски високообразовен простор. Исто така, ги следиме и барањата на меѓународниот пазар во смисла на подготовка на нашите студенти. Пред две недели Одборот на Универзитетот, (каде гравитираат и меѓународни претставници), го усвои Стратегискиот план на Универзитетот на Југоисточна Европа за периодот 2017-2020, кој го именувавме како „УЈИЕ 4.0“ и кој одговара на технолошкиот развој и персонализацијата на предавањата.

Додека со претходниот Статегиски план се започна проектот „УЈИЕ 3.0“ и беше примарно фокусиран на знаења и вештини, „УЈИЕ 4.0“ ги интегрира технологиите и методологијата на учење и компетенциите на нашите студенти на персонализиран начин. Во овој дух, го објавивме Конкурсот за запишување студенти во учебната 2017/18 година. Во овојо Конкурс за разлика од другите јавни универзитети кои ги следат трендовите на „масовизација на знаењето“, ние продолжуваме да функционираме со петте факултети кои се суштината на УЈИЕ овие 16 години: Факултетот за бизнис и економија, Факултетот за современи науки и технологии, кои ги следат американските стандарди на високото образование, и три факултети од јавниот домен, како што се Правниот факултет, Факултетот за јавна администрација и политички науки и Факултетот за јазици, култури и комуникација, во согласност со нашата политика за промовирање и имплементирањеа на „ флексибилната употреба на јазици“.

„Оваа година, Конкурсот е отворен за првиот и за вториот циклус на студии“ , рече ректорот Дика. Според него, оваа година Универзитетот, ќе биде единствена високообразовна институција во регионов која го применува таканаречениот „систем на туторство“, според кој секој студент, кој ќе биде примен на Универзитетот на Југоисточна Европа, ќе има тутор (професор), кој ќе ја надгледува неговата академска и студентската кариера. Во однос на стипендиите кои се нудат, ректорот Дика рече дека Универзитетот следи финансиска политика според која секој студент со одличен успех нема да има финансиски бариери за да се запише на Универзитетот.

„Ние дизајниравме систем на стипендии според заслуга, според кој на секој студент со одличен успех и просек на оценкии 5,00 во средното училиште, Универзитетот му покрива 50% од школарината. За студентите кои во средно училиште имаат просечен успех од 4.5 до 4.99, Универзитетот покрива 30 % од школарината. Овој стандард за добивање на стипендии вреди за сите студенти од Македонија, Косово или за целиов регион“ истакна ректорот Дика.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail