УЈИЕ го доби вториот грант во рамките на проектот H2020 Fed4Fire + кој ги вклучува и студентите на магистерски студии

UJIE-go-dobi-vtoriot-grant-vo-ramkite-na-proektot-H2020-Fed4Fire-koj-gi-vkluchuva-i-studentite-na-magisterski-studii.png

УЈИЕ го доби вториот грант во рамките на проектот H2020 Fed4Fire + кој ги вклучува и студентите на магистерски студии

Универзитет на Југоисточна Европа (УЈИЕ), односно Научниот институт Макс ван дер Штул во соработка со Центарот за бизнис и иновации е добитник на вториот грант во рамките на проектот H2020Fed4Fire +. Карактеристично е што во овој проект УЈИЕ е единствениот партнер и негов главен носител.

„За првпат во проект е вклучен студент на магистерски студии на УЈИЕ, кој е на практикантска работа во Институтот. Тој ќе има можност да аплицира и експериментира со различните проекти што ќе ги има за време на магистерските студии за безжични уреди, или на професионалните кои ги овозможува проектот“ истакна Менан Селими, шеф на истражувачката група на Институтот.

Целта на институтот „Макс ван дер Штул“ е да вклучи што е можно повеќе студенти во проекти, особено во магистерски и докторски студии.

Темата на проектот се осврнува на проблемот со платните системи, користејќи ја технологијата Blockchain како посредник (како замена за банките). Всушност, системот што е предложен (и кој е имплементиран), сега треба да се тестира на вистински (безжични) уреди во Антверп, Белгија.

Проектот започнува во декември оваа година и ќе заврши во јуни 2021 година.

Извор: УЈИЕ

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail