УЈИЕ и Општина Тетово одржуваат обука за наставниците за користење на ИКТ во време на пандемија

UJIE-i-Opshtina-Tetovo-odrzuvaat-obuka-za-nastavnicite-za-koristenje-na-IKT-vo-vreme-na-pandemija.png

УЈИЕ и Општина Тетово одржуваат обука за наставниците за користење на ИКТ во време на пандемија

Придонесот за подобрување на квалитетот на воспитно-образовниот процес во основните и средните училишта е целта на тридневната обука на тема „Користење на ИКТ за поддршка на наставата и учењето во време на пандемија“, што започна денес (25.08.2020), во Универзитетот на Југоисточна Европа, Кампусот во Тетово.

Обуката е организирана од Универзитетот на Југоисточна Европа, Факултетот за современи науки и технологии во соработка со Општина Тетово, а на неа учествуваат наставници од основните и од средните училишта во Тетово.

На оваа обука ќе се обработуваат теми за најновите ИКТ технологии и нивната употреба во управувањето со учење од далечина и он лајн наставата. Учесниците кои учествуваат ќе бидат обучени да ги користат најновите ИКТ технологии од платформата на Гугл (Google platform) за управување со предметите, како и да ги обучат другите колеги.

Поради големиот интерес следниве неколку недели ќе се организираат слични обуки за да се вклучат што е можно повеќе наставници.

По завршувањето на активностите учесниците ќе добијат сертификат за присуство на обуката.

Оваа и слични активности што ние ги организираме со години како Универзитет на ЈИЕ се директен придонес на Универзитетот за добросостојба на нашето општество во овој период на пандемија.

Извор: УЈИЕ

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail