УЈИЕ: Извршниот комитет на Одборот на Универзитетот го одржа 30.состанок во Словенија

picture16951.png

Извршниот комитет на Одборот на Универзитетот во петокот, 14 септември, 2018 година го одржа својот 30. состанок во Љубљана, Словенија.

На овој состанок беа разгледани неколку точки, вклучувајќи го и Извештајот на Ректорот за годишниот процес на евалуација на вработените и подготовките на Универзитетот за новата академска година. Покрај тоа, Извршниот комитет одобри низа ректорски предлози за назначување проректори и директори на академски и административни единки, како и предлози на Сенатот за избор во наставно-научни звања.

Следниот состанок на Извршниот комитет ќе се одржи на 15 март 2019 година.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail