УЈИЕ ќе ја започне новата академска година со хибриден систем на настава

UJIE-kje-ja-zapochne-novata-akademska-godina-so-hibriden-sistem-na-nastava.png

УЈИЕ ќе ја започне новата академска година со хибриден систем на настава

Студентите на Универзитетот на Југоисточна Европа во новата академска 2020-2021 година ќе ги следат предавањата на Кампусот, но ќе имаат и онлајн-предавања. Наставата ќе биде со хибриден систем, каде што 1/4 од наставата ќе биде онлајн за сите студенти во земјава и за оние кои живеат надвор од Северна Македонија. Другиот дел од наставата ќе се одвива со физичко присуство.

Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, потенцира дека кампусот ги исполнува сите критериуми за започнување настава во услови на пандемија, но и дополнително се работеше на создавање оптимални услови за учење со физичко присуство на студентите.

„Наставата и академскиот ангажман ќе бидат во хибриден формат, што значи физичко присуство и на двата кампусa, во Тетово и во Скопје, според здравствените протоколи и можноста за скратување на часовите и нивно одржување преку преку онлајн-настава“, вели ректорот Беџети.

Новина за новата академска година е подобрување на технолошката опрема, подготвеност да се понуди секој предмет според хибриден систем, преку нашиот електронски систем за управување со наставата, континуирана посветеност на вработените за да се прилагоди наставниот материјал и квалитетно обезбедување онлајн-настава.

Капацитетите за настава и целиот кампус во Тетово и во Скопје како целина се организирани и обележани во согласност со мерките и препораките за физичко присуство на Министерството за здравство на РСМ.

„Сите сега го знаат Кампусот на УЈИЕ во Тетово, неговата големина и ја препознаваат нашата заложба да им служиме на студентите. За нас, пред сè и најважно е здравјето на студентите и на вработените. Ние се погриживме никој да не го загрозува здравјето и истовремено да добие најдобра можна услуга со највисок квалитет, без разлика дали е академска или административна “, потенцира ректорот Беџети.

„Студентите кои пoради условите на пандемијата „Ковид-19“ нема да можат физички да ги следат на предавања, ќе можат да присуствуваат на предавањето директно и онлaјн преку платформата на системот за електронско управување со наставата и ќе имаат пристап до сите наставни материјали во електронска форма. Создадени се многу нови форми на евалуација, кои даваат важност на интеракцијата во целиот овој процес“, вели проректорот за академско планирање и дигитализација, проф. д-р Владимир Радевски.

Академскиот и административниот кадар во текот на својата работа ги спроведува сите здравствени протоколи одобрени од самите тела на Универзитетот во согласност со препораките на државните здравствени власти и на Министерството за образование и наука на РСМ.

Извор: УЈИЕ

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail