УЈИЕ рангиран меѓу врвните пет најдобри универзитети во Македонија

13-06-M.jpg

Универзитетот на Југоисточна Европа и понатаму е меѓу „врвните пет“ најдобри универзитети во Македонија, рангиран на 4 место во земјава, а според најновото Шангајско рангирање на универзитетите.

Рангирањето е направено врз основа на индикатори за квалитет, академска изведба и конкурентност. Овие индикатори се однесуваат на основните аспекти на работата на високообразовните институции, како што се: наставниот процес, бројот на запишани студенти, инвестирањето во опрема; научно-истражувачката дејност на академскиот кадар, општествената димензија, бројот на професори и соработници кои се поканети во програмите за размена од меѓународни универзитети; бројот на студенти во рамките на програмите за размена на студенти во странство итн.

„Доколку целта на рангирањето на високообразовните институции во Македонија е да придонесе за транспарентноста, ефикасноста, квалитетот и за поттикнување на конкренцијата меѓу високообразовните институции, мора да се потврди дека овие цели делумно се исполнети. Ова е последицаа на недостаток на транпарентност во исполнувањето на овие барања од одредени вискообразовни институции“, рече доц. д-р Демуш Бајрами, извршен советник на ректорот за односи со јавноста и за комуникации. Според него, преку споредување на податоците од оваа година со податоците од претходните рангирања може да се забележаат необјасниви и значителни разлики од претходните верзии, добиени за неверојатно краток временски период.

„Со цел споредба, која е основата и на нашето формално барање за корекција упатено до Министерството за образование и наука, ние сакаме да го насочиме вниманието на јавноста за Универзитетот кој е трето рангиран во истата категорија. Само за ваша информација, Универзитет, кој во 2012 има резулатат о за одредена компонента и на рангирањето во 2014 исто така има резултат 0, оваа година на рангирањето има добиено 54 бодови во истата компонента, значи значителен напредок за 5400% во споредба со другите универзитети во Македонија (такви податоци на жал има и во други категории и на други универзитети)“, истакна Бајрами.

„Покрај ова, ние како Универзитет на Југоисточна Европа и понатаму сме рангирани меѓу врвните пет; ние сме четврторангиран универзитет воопшто меѓу сите Универзитети во земјава и прворангиран меѓу приватните универзитети во Македонија. Успехот на УЈИЕ во овие рангирања и во разните други меѓународни евалуации треба да е дополнителен мотив за новите студенти да се запишат на УЈИЕ. Тоа е потврда дека сѐ е постигнато со знаење и професионализам во нашата работа“, заклучи д-р Бајрами.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail