Универзитетот во Југоисточна Европа се здоби со Еразмус-повелба за високо образование за периодот 2021 – 2027 година, оваа Повелба е издадена од Европската комисија.
Документот претставува пасош на нашиов Универзитет, кој ни овозможува да учествуваме во сите европски и меѓународни проекти кои се финансирани од Европската комисија преку програмата Еразмус.
Овој сертификат му овозможува на УЈИЕ да спроведува активности за успешно спроведување на сите програми на Еразмус, вклучително мобилност и истражувачки проекти според истата програма финансирана од ЕК.
УЈИЕ и оваа година е корисник на грантот за реализација на размена на студенти и вработени во рамките на Програмата Еразмус +, каде што се предвидува во просек околу 70 студенти и 20 претставници од кадарот да го искористат ова право.
Извор: УЈИЕ