УЈИЕ со проширена понуда за новата академска година

picture1641.png

Факултетот за современи општествени науки е најновата иновација на академската понуда на Универзитетот ан Југоисточна Европа (УЈИЕ) за академската 2018/19 година. Ова го објави ректорот на УЈИЕ, проф.д-р Замир Дика на промотивниот „Отворен ден“ кој се одржа во сабота (31 март 2018 год).

 

На овие активности учествуваа неколку стотици средношколци од Македонија, родители и професори. Дополнително на тоа што го слушнаа за академската понуда, гостите беа информирани за инфраструктурата на УЈИЕ, професорите кои предаваат и другите капацитети кои Универзитетот ги поседува.

Матурантите—нашите идни студенти—покажаа голем интерес, слушаа со внимание за понудата и беа информирани за нашите капацитети. Ние продолжуваме да бидеме истакнат бренд во високото образование во Македонија и пошироко,“ рече ректорот Дика.

Во новата академска година ние планираме на додипломски студии да се запишат 800 студенти и на магистерски студии 400 студенти. Оваа година повторно ќе понудиме докторски студии, за што има огромен интерес, но правните барања ја ограничуваат нашата способност да се запишат сите компетентни кандидати.

„УЈИЕ продолжува со силната коалиција меѓу меѓународната и локалната заедница, фокусирајќи се на одржување на квaлитет на настава и квалитет на дипломци кои бараат можности за вработување на пазарот на трудот. Ова им гарантира успешна иднина и богата кариера“ рече ректорот Дика.

Советникот на ректорот за односи со јавност доц.д-р Демуш Бајрами и директорот на студентскиот сервис Абаз Селмани на воведните сесии одговараа директно на многуте прашања од студентите за понудите на програми и за можностите за стипендирање за што имаше голем интерес.

Отворениот ден беше придружуван со други културни, спортски и забавни активности кои ги изведуваа студентите и вработените на факултетот.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top