УЈИЕ станува Еко-кампус и се исполнуваат целите од 2020

picture1599.png

Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ), преку инвестиции во фотоволтаични панели, систем за греење на биомаса и намалување на емисиите на стакленички гасови, успеа да ги исполни своите цели за 2020 година во 2017 година.

Реализацијата на проектот за фотоволтаични панели и исполнувањето на целите поставени во нејзината стратегиска развојна мисија – конкретно, намалување на емисиите на стакленички гасови и неутралноста на јаглеродот – се сериозни планови со кои Универзитетот на Југоисточна Европа стана еко-кампус, преку зголемување на обновливите извори на енергија и постигнување на подобра енергетска ефикасност.

„Извештајот за имплементација на климатскиот акционен план на Универзитетот на Југоисточна Европа, усвоен во 2010 година и кој предвидува намалување за 34,8% од стакленичките гасови до 2020 година, укажува на сериозна заложба која се совпаѓа со нашата амбиција и професионализам. Ние сме посветени да постигнеме јаглеродна неутралност и да бидеме вистински еко-кампус до 2030 година“, истакна ректорот на УЈИЕ, проф. д-р Замир Дика.

„Со чувство на гордост за општествената одговорност, ние може да забележиме дека со инвестициите направени со фотоволтаичните панели за производство на електрична енергија од сонцето, системот за греење на биомаса, новиот систем за осветлување на кампусот итн., ние ги исполнивме целите од 2020 година во 2017 година и нашите цели се реални“, додаде ректорот Дика.

Извор: www.seeu.edu.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail