УЈП во акција: За ова следуваат големи казни !

fiskalni.jpg

Управата за јавни приходи најави засилен мониторинг на готовинскиот промет во делот на фискализацијата. Од таму апелираат даночните обврзници да ги исполнуваат законските обврски, со цел избегнување на казни.

“Субјектите кои вршат промет на добра и услуги за кои плаќањето се врши во готово, задолжително да издаваат фискални сметки на потрошувачите, на начин пропишан со Законот за регистрирање на готовинскиот промет“, информираат од УЈП.

Според првичните податоци прибрани од онлајн системот за следење на готовинскиот промет, констатирано е дека голем број на фирми, особено во угостителството, не го регистрираат прометот во целост, а на адреса на УЈП постојано пристигнуваат и пријави за издавање на сметки кои не се фискални.
Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail