Укината забраната за производство на смртоносни вируси

virusi.jpg

После забраната воведена во октомври 2014 година, американските власти донеле одлука на научниците да им дозволат да продолжат со создавање на исклучително опасни видови на микроорганизми, кои би можеле да предизвикаат големи епидемии.

Биомедицинска истражувачка установа, дел од Националниот институт за здравје, соопшти дека паузата е готовa, но истакна дека парични средства во иднина ќе се доделуваат само на проекти за кои вреди да се презема ризик.

Научниците, меѓу другото, мораат да докажат дека нивните лаборатории се безбедни, дека во рамките на истражувањето ќе се стекнат со применливи знаења (на пример, оние кои ќе овозможат создавање на нови вакцини) и ќе мора да приложат доволно докази дека не постои побезбеден начин за стекнување на научни знаења. кои ќе донесат општа здравствена корист.

Многумина се прашуваат зошто воопшто постои потреба за создавање на вируси, кои би можеле да го загрозат целото човештво.

Научниците пак, од друга страна, тврдат дека тоа е единствениот начин за создавање на антивируси и спречување на мали опасни зарази и епидемии.

Критичарите наведуваат дека на тој начин се ризикува создавање на „монструозни видови на микроорганизми“, кои во некој момент би можеле да излезат од контрола, да се прошират надвор од границите на лабораториите и да предизвикуваат страшни епидемии.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail