DSC_0514_768x512.jpg

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола ја збогати својата билатерална соработка со чинот на потпишување билатерален договор со Универзитетот „Мајка Тереза“ од Скопје.

Двајцата ректори, проф. д-р Сашо Коруновски и проф. д-р Азис Положани, ги дефинираа наставно-научните области од заеднички интерес како и модалитетите за реализација на активности во делот на размени на кадри и/или студенти, учество во заеднички научно-истражувачки и други проекти, оргнизирање семинари, конференции и сл. академски форуми, заеднички програми за стручно усовршување  и сл.

Договорот се потпиша на 10 јануари 2018 година во просториите на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail