Центарот за кариера, алумни и доживотно учење на УКЛО ја продолжува мисијата за приближување до бизнис заедицата.
На 11.02.2021 г одржана е online средба меѓу претставници од деканатските управи од Техничкиот, Економскиот факултет и Факултетот за информатички и комуникациски технологии со членови на менаџментот од Телеком. Разгледани се можностите за идни проекти како и потребните активности за зајакнување на студентските компетенции.
Инаку, УКЛО со оваа реномирана компанија од телекомуникацискиот сектор има потпишано Меморандум за соработка и има реализирано низа успешни настани, меѓу коишто посебно место има практичната работа на студентите за зголемување на нивните искуства и подготовка за професионална работа.
На настанот, во својство на претставник од раководството на УКЛО, учество зеде проф. д-р Марјан Ѓуровски, проректорот за студентски работи на УКЛО кој воедно е иницијатор на активноста.
Извор: УКЛО