УКЛО и Универзитетот на Југоисточна Европа од Тетово потпишаа нов Договор за соработка

3-1-1200x800-1.jpg

На работниот состанок помеѓу ректорот на УКЛО, проф. д-р Сашо Коруновски и ректорот на УЈИЕ, академик Абдулменаф Беџети во Тетово, на 17 февруари 2022 беше потпишан Договор за меѓусебна соработка помеѓу УКЛО и Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ).

На средбата, двајцата ректори разменија идеи за меѓуинституционалната соработка помеѓу двете високообразовни институции и модалитетите за нивна реализација, што се рефлектираат во содржината на Договорот. Ректорите, исто така ги споделија своите очекувања дека заедничките активности што ќе произлезат од овој Договор ќе придонесат за подобрување на квалитетот на наставниот и научно-истражувачкиот процес на двете институции.

извор: укло.мк

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail