УКЛО ја интензивира соработката со Центарот за управување со кризи

UKLO-ja-intenzivira-sorabotkata-so-Centarot-za-upravuvanje-so-krizi-scaled.jpg

УКЛО ја интензивира соработката со Центарот за управување со кризи

УКЛО ја интензивира соработката со Центарот за управување со кризи. Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола ќе се вклучи во процесот на реформи и трансформација при креирањето интегрален систем за управување со кризи заедно со академската заедница. Ова е договорено на работната средба која проректорот, проф. д-р Марјан Ѓуровски од името на УКЛО, ја реализира со директорот на Центарот, Стојанче Ангелов на 22.12.2020 г. Покрај можностите за структура на студиски програми и наставни содржини за кризен менаџмент како еден од најголемите современи предизвци, на средбата се разгледани и други актуелни теми за унапредување на соработката, при што академијата ќе помага со конретни предлози и препораки. Притоа, посочен е примерот со научно-истражувачкиот проект „Функционирањето на безбедносниот систем на Република Северна Македонија во кризна и сложена безбедносна состојба – менаџирање и справување со кризи“, по чие завршување предлозите ќе бидат понудени како решенија за градење ефикасен безбедноснен систем, чиј интегрален дел е и управувањето со кризи. Универзитетот „Св.Климент Охридски“ и неговите единици ќе се вклучат во издавачката дејност на Центарот за управување со кризи во функција на зголемување на фондот на научно-стручни публикации и литература за потребите на вработените на ЦУК, професорите, студентите, стручната и општата јавност во земјата.

Извор: УКЛО

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail