foto-32.png

Од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола информираат дека годинава нудат многу поволности за упис на идните студенти, како: стипендии, мобилности, финансиска и друга поддршка.

„Годинава ќе може да се запишат 3.635 студенти, од нив 2.005 во државна квота, 1.015 со кофинансирање и 615 вонредни студенти. УКЛО, врз основа на политиките на стимулирање на кандидатите, презема активности за перманентна поддршка на студентите и затоа обезбеди стипендии за најдобро рангираните студенти. Воедно, УКЛО ќе ги ослободи од плаќање студентите без родители, инвалидни лица и лица растени во домови за напуштени деца“, посочуваат од Секторот за односи со јавност на УКЛО – Битола.

УКЛО во текот на академската година на студентите ќе им обезбеди атрактивни грантови за мобилност и други мобилности на повеќе странски универзитети.

„Покрај парични награди и вредносни ваучери за најдобрите, постојано ќе се внесуваат нови содржини за поддршка на студентите за нивно творештво, учество на конгреси и школи, спортски натпревари, а во новата академска година УКЛО отвора прво бесплатно психолошко советувалиште за студенти. Свое посебно место има и Фондацијата ‘Тома Фила’“, информираат од УКЛО – Битола.

Минатата година, во рамките на одбележувањето на Денот на основањето на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – 25 април, во Битола беше промовирана Фондацијата „Тома Фила“. Фондацијата ќе функционира во интерес на студентите и Универзитетот, беше истакнато на свеченоста по повод основањето и промовирањето на фондацијата.

Целта на фондацијата е да им се помогне на младите талентирани правници да влезат во светот на адвокатурата и притоа финансиски да им се помогне за да го остварат својот сон да бидат дел од адвокатурата.

извор: академик

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail