УКЛО: Повик ЕРАЗМУС+ 2017/2018

erazmus-890x395.png

Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола

ПОВИК

Програма ERASMUS+

Академска 2017/2018

Врз основа на повикот за предлог-проекти за 2017 година во рамките на Програмата Еразмус+ на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност,

УКЛО објавува

Повик

за мобилност

во рамките на Е+ Програмата

KA 1: индивидуална мобилност за учење, Сектор: високо образование:

 

– мобилност на студенти за студирање (SMS)

– мобилност на студенти за стажирање (SMP)

– мобилност на академски кадар за настава (ЅТА)

 

Времетраење на мобилноста

  1. Студенти – за студирање: еден семестар или една академска година (студентите може да реализираат мобилност од вкупно 12 месеци по циклус)
  2. Студенти – за стажирање: 2 – 12 месеци
  3. Кадри – пет работни денови со минимум осум часови настава

За академската 2017/2018, мобилноста може да се реализира во периодот од 01/06/2017 до 30/09/2018.

Во согласност со потпишаните Е+ интеринституционални договори со партнерски институции од програмските земји, право на пријавување имаат:

– редовни студенти на прв циклус (со запишан најмалку трет семестар во моментот на започнување на  мобилноста), втор или трет циклус, за мобилност за студирање, а за стажирање и студенти што дипломирале во годината на објавување на Повикот

– академски кадри во редовен работен однос на УКЛО.

Студентите и кадрите се пријавуваат за мобилност исклучиво врз основа на договорите потпишани од нивните матични институции (линк: http://uklo.edu.mk/tabs/view/8357e8a193dadee0d26be78b0d63251e).

Важно: пред пријавување

  • Студентите заинтересирани за мобилност должни се, во соработка со Еразмус+ координаторот, да ги проучат и споредат студиските програми на матичниот и на странскиот универзитет и да се договорат за предметите што би можеле да ги слушаат и полагаат на странскиот универзитет.

Потребни документи за пријавување на студенти

  • Пополнет формулар за пријавување
  • Потврда за редовен студент
  • Уверение за положени испити
  • CV (Europass формат)
  • Мотивационо писмо

Потребни документи за пријавување на наставни кадри

  • Пополнет формулар за пријавување
  • Потврда за редовен работен однос
  • CV (Europass формат)

Сите документи се достапни на веб страната на Универзитетот www.uklo.edu.mk во делот Меѓународна соработка/Еразмус+.

Рок за пријавување/доставување документи до Е+ координаторот: 12 јуни 2017

Рок за доставување на апликациите до Канцеларијата за МС: 16 јуни 2017

 

Канцеларија за меѓународна соработка

Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail