УКЛО со ФИТР ќе го потикнува студентското претприемништво и иницијативност

UKLO-so-FITR-kje-go-potiknuva-studentskoto-pretpriemnishtvo-i-inicijativnost-scaled.jpg

УКЛО со ФИТР ќе го потикнува студентското претприемништво и иницијативност

На 01.02.2021 година проректорот на УКЛО проф. д-р Марјан Ѓуровски оствариработна средба со директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Коста Петров.На состанокот помеѓу проректорот Ѓуровски и директорот Петров  договорено евоспоставување поинтензивна соработка за поврзување на знаењето, науката ииновациите. УКЛО со поддршка на Фондот за иновации и технолошки развој  вопретстојниот период преку неколку активности и воспоставување на алатки ќе инспирира,едуцира и мотивира студенти млади претприемачи и претприемачки со тоа што ќе имобезбеди соодветна обука за создавање производи и услуги со локално, регионално имеѓународно влијание, со  цел да се зголемат капацитетите на Универзитетот, домашнатаекономија и создавање на одржливо општество, нагласи проректорот Ѓуровски.Во текот на февруари УКЛО и Фондот ќе одржат заеднички активности воЦентарот за кариера, доживотно учење и алумни во Битола коишто ќе имаат за цел да импомогнат на студентите и професорите, потенцијалните претприемачи да го поттикнатиновативното размислување и да создадат можности, да ги имплементираат и да гифинансираат своите идеи.Овој месец, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола ќе биде домаќин надиректорот Петров и тим од Фондот за иновации и технолошки развој и преку заедничкахибридна конференција  и работилница со студентите и професорите на УКЛО да сеовозможат  информации за финансиската поддршка што овој државен фонд им ја нуди.Инструментот за поддршка е сооснован грант за стартап компании кои имаат за цел да гизголемат иновациите преку обезбедување на потребната финансиска поддршка заистражувачки и развојни активности на стартап и спиноф компании.„Очекуваме алатката која ќе им ја понудиме со Фондот за иновации и технолошкиразвој  да предизвика интерес кај студентите и професорите затоа што се стремиме конкултура на преземање ризици и поттикнување иновации, што ќе им даде поддршка намладите иноватори заинтересирани за развој на нов или усовршен производ, процес илиуслуга“, смета проректорот Ѓуровски.Фондот за иновации и технолошки развој ќе презентира инструмент за поддршкана домашните компании и високообразовните институции во развој на нови производи иуслуги, а ќе се доделуваат на факултетите и истражувачките центри, коишто ќе остваратконкретна деловна соработка со домашните компании во истражување иразвој. Директорот Петров на состанокот нагласи дека преку овој инструмент на Фондотголемиот потенцијал и капацитет на образовните институции ќе може да се искористи вореалниот сектор. „На овој начин високообразовните институции ќе станат извор и наиновации и на знаење во реалниот сектор, а во исто време со ова вложуваме и во иднитеакадемски граѓани кои низ проектите ќе може да работат на реални истражувања“, сметаПетров. Овој тип на воспоставување на соработка помеѓу високообразовните институци икомпаниите создава можност од една страна финансиските средства да не се одлеваатсамо на консултантски услуги и надвор од државата, а од друга страна бизнис секторот даја зголеми финансиската поддршка во високото образование, смета проректорот Ѓуровски.Според проректорот Марјан Ѓуровски цел на УКЛО е во иднина да се развие програмакоја системски ќе се гради и на крајот ќе доведе до континуирна соработка со бизнис
секторот, што е во заеднички интерес за сите и на овој начин се очекува да  се зголемиучеството на БДП во научно-истражувачки проекти кое сега е на ниско ниво.

Извор: УКЛО

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail