УКЛО со поддршка на локалната економија и развој на Универзитетска летна пракса

UKLO-so-poddrshka-na-lokalnata-ekonomija-i-razvoj-na-Univerzitetska-letna-praksa-scaled.jpg

УКЛО со поддршка на локалната економија и развој на Универзитетска летна пракса

На 11.03.2021 година градоначалничката на Битола Наташа Петровска оствари средба со проректорот на УКЛО и институционален Еразмус координаторпроф. д-р Марјан Ѓуровски во функција на унапредување на заедничката соработка. УКЛО во континуитет презема низа активности во насока на зајакнување на капацитетите на студентите со цел  зголемување на нивната конкурентност на  пазарот на труд по дипломирањето. Во овој контекст, реализирањето на професионалната пракса е дел од активностите со коишто на студентите, во текотна  летните месеци им се дава можност да ги продлабочат и да се стекнат со нови знаења и вештини, што всушност се совпаѓа и  со напорите што ќе ги презема УКЛО и градот Битола за реализација на универзитетска летна пракса и во насока на промоција на студиските програми на УКЛО и настојување за создавање на можности за отворање на нови работни места во општината и регионот. На средбата меѓу другото е разговарано за проектот на Центарот за кариера, алумни и доживотно учење при УКЛО, за заеднички активности со општина Битола и ЈП кои се во нејзина надлежност. Пилот пректот „Универзитетска летна пракса“, би се спроведувал и во останатите општини. Со цел успешно реализирање на вака конципираната идеја, ќе се даде  можност за студенти на УКЛО да се вклучат со практична работа во општината, нејзинат аадминистрација, јавните претпријатија, како и во одделните сектори. Периодот на реализација на ваквата активност, би бил во летните месеци, кога дел од вработените го користат годишниот одмор со целосна примена на епидемиолошките мерки. На тој начин ќе се направи спој на теоријата и нужната пракса и поголемо искуство на студентите. На средбата е нагласено дека УКЛО е еден од трите препознатливи белези и бренд на градот Битола и заедно локалната самоуправа, високото образование и науката може многу повеќе да направат за себе и своите граѓани, студенти и рофесори, како и за локалниот и општествен развој и просперитет.

Извор: УКЛО

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail