УКЛО за студентите – јунска и септемвриска испитна сесија со продолжени рокови

uklo-logo.jpg

УКЛО им овозможи на студентите продолжена јунска и септемвриска испитна сесија. На вонредна седница на Управата, во интерес на студентите извршена е измена на Студентскиот календар https://uklo.edu.mk/academic_events/index .

На овој начин се овозможува реализација на јунската и септемврсиската испитна сесија во продолжени рокови. Воедно, студентите на УКЛО со една пријава можат да полагаат во два термини. Исто така, во пролонгираните рокови предвидени се и колоквиумски недели од: 1.06 – 20.06.2020 и од 17.08 – 22.08.2020. Според проректорот за настава, проф. д-р Љупче Кочоски, на овој начин се пополнува празнината со „изгубената“ сесија и УКЛО им излегува во пресрет на барањата на студентите.

Студентскиот календар е објавен на веб страницата на Универзитетот: uklo.edu.mk и на веб страниците од единиците на УКЛО. Студентите со новите поволности за реализација на двете испитни сесии се запознаваат и преку универзитетското радио УКЛО ФМ и УСС.

По усвојување на новиот Студенски календар УКЛО започна со подготовки за реализација на јунската и септемвриската испитна сесија, соодветно на видоизменетите околности.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail