Украдени податоци на 29 милиони корисници на Фејсбук

fejsbuk.jpg

Податоци на речиси 30 милиони корисници биле украдени во најголемиот хакерски напад на Фејсбук во историјата на оваа социјална мрежа, кој се случи пред две недели, потврди компанијата на Марк Закерберг.

Кога беше откриен нападот, се претпоставуваше дека се украдени податоците на дури 50 милиони корисници, но, се покажа дека не станува збор за толку голем број.

Во денешното соопштение се наведува дека на 29 милиони луѓе им се украдени имиња, имејл адресите и телефонските броеви.

Покрај тоа, на 14 милиони корисници им биле украдени повеќе податоци, како што се адресата на живеење, датумот на раѓање и адресите кои најчесто ги посетувале. Фејсбук ќе ги извести сите на кои им биле украдени податоците.

Од Фејсбук не го именуваа сторителот, но, велат дека ФБИ „активно истражува кој го извршил напад” и апелираа до нив да не расправаат околу тоа кој би можел да стои зад нападот.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail