„Underground Evergreens“ – нов албум на „Суперхикс“

133594309.jpg

Македонската ска и панк група „Суперхикс“ денеска во Скопје ќе го промовира новиот албум насловен „Underground Evergreens“ со што ќе одбележи 23 години од постоењето.

 Албумот е снимен, миксуван и мастериран од Мите Димовски, Тра Ла Ла Студио-Скопје, а мал дел е сниман и во студиото на Ивица Јанкуловски. Дизајнот на обвивката е дело на дизајнерот Томи Џуровски.
Албумот е во ЦД формат, а наскоро ќе биде изработено и негово винил издание. Промоцијата ќе биде во продавницата Југотон во ГТЦ со почеток во 13 часот.
„Суперхикс“ го имаа својот прв настап на  3 март 1994 година.
Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail