Универзитет Американ Колеџ Скопјe донираше лабораториска центрифуга на ЈЗУ Универзитетската клиниката за детски болести во Скопје

IMG-a89883b5afcd9784910cb38011163f2a-V.jpg

УАКС организираше хуманитарна аукција на уметнички дела креирани и донирани од страна на професори, студенти, административен кадар и пријатели на Универзитетот. Целта на аукцијата беше да се соберат средства за набавка на лабораториска центрифуга, еден од неопходните медицински апарати кои ги користат сите оддели при ЈЗУ Универзитетската клиника за детски болести во Скопје.

Денес, УАКС ја достави донацијата – лабораториска центрифуга во просториите на Клиниката.

Ректорот на Универзитетот, проф. д-р Марјан Бојаџиев, придружуван од Проректорот за настава, доц. д-р Венера Крлиу-Ханџиски и други претставници од Универзитетот кои беа дел од тимот за организација на хуманитарната аукција, беа во официјална посета на Клиниката, со цел донирање на неопходниот апарат во лабораторијата на оваа институција.

Тие остварија средба со директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести, д-р Катерина Ставриќ и други официјални претставници на Клиниката, кои што изложија дека лабораториската центрифуга има есенцијално значење за вршење на секојдневните активности и навременото дијагностицирање на состојбите на пациентите.

Како дополнително изненадување, при посетата беа донесени новогодишни пакетчиња, донирани од академскиот и административниот кадар на Универзитетот. Овие пакетчиња беа наменети за сите дечиња кои се пациенти на Клиниката.

Уште еднаш, УАКС би сакал да им се заблагодари на сите учесници во уманитарната аукција на уметнички дела, кои придонесоа за споделување на духот на хуманоста и пренесување на новогодишни желби и честитки онаму каде што навистина тоа е потребно.

Ова беше навистина одлично искуство, кое би сакале да го споделиме со Вас.

Во прилог е мала фотогалерија од официјалната посета на ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести во Скопје.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail