Реализирана прва студентска размена од Интернационалната ветеринарна студентска организација (IVSA)

studenti10-1.jpg

Во месец Септември, 2017 година, студентите од Факултетот за Ветеринарна медицина – Скопје, официјално го започнуваат своето членство во Интернационалната Ветеринарна Студентска Организација (IVSA). Моментално, во студентската организација членуваат 24 студенти при ФВМ – Скопје.

Тимот на IVSA Македонија, активно е вклучен во изработка и планирање на проекти, едукативни и хуманитарни настани, како и студентски размени на интернационално ниво. Досега, во студентската 2017/18 година, веќе се одржа Новогодишен Хуманитарен Базар, како и првата, успешна размена помеѓу студенти од ФВМ – Кошице, Словачка и ФВМ – Скопје, Македонија. Во периодот од 04.02 – 09.02.2018 година, студентите од ФВМ – Кошице, Словачка, гостуваа во Македонија. Програмата и активностите беа изработени од страна на членовите IVSA Македонија, во соработка со професори и асистенти при ФВМ-С. Програмата им понуди на студентите едукативни и рекреативни настани, како: посета на автохтоната раса на говеда – Буша, работилница со автохтоната раса на овци – Праменка, Овчеполка, предавање за “Заштита на Балканскиот рис” од страна на претставници од Македонското Еколошко Друштво, посета на кањон Матка, како и посета на Тиквешкото езеро.

Нашата цел, со секоја размена, настан и проект, е да се подобри стандардот на ветеринарната едукација во нашата држава, а воедно студентите да се здобијат со културни и едукативни искуства.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail