univerzitet-bitola.jpg

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола по првиот уписен рок регистрира 1.015 пријавени кандидати за студирање во прва година, а со оглед дека беа огласени 2.935 места, во вториот рок ќе може да се запишат уште 1.920 идни студенти.

Според процентуалниот преглед на понудени слободни места за упис и поднесени апликации, најголем интерес за студирање е покажан за програмите на Педагошки факултет-Битола каде за 215 слободни места конкурирале 115 кандидати или 51 насто од понудата е исполнета, додека најамал интерес за студирање е покажан за Факултет за биотехнички науки каде за објавените 165 слободни места конкурирале 24 кандидати или 14 отсто од вкупната понуда.

Висок процент на интерес за студирање е регистриран за Факултет за безбедност во Скопје каде се пријавиле194 кандидати, потоа на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид каде се пријавени 142 кандидати и на Високата медицинска школа во Битола каде се пријавени 128 завршени средношколци.

Во вториот уписен рок има места на сите универзитетски единици на УКЛО. На Технички факултет-Битола слободни се уште 395 места, ФИКТ-Битола може да запише уште 283 студенти, на Економски факултет-Прилеп слободни се 237 места, а на Правен факултет-Кичево може да се запишат уште 157 студенти.

Акредитирани студиски програми се нудат и на Технолошко-технички факултет во Велес каде во првиот уписен рок беа огласени 75 слободни места, а исполнети се 24, како и на Ветеринарен факултет-Битола каде во првиот рок се пријавени 12 завршени средношколци, а имаше место за 45.

Вториот уписен рок на УКЛО-Битола ќе се реализира на 13 септември.

извор: денешен

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail