„Универзитет за производство на сладолед“ е хит меѓу студентите од целиот свет

sladoled-2.jpg

Универзитетот нуди најквалитетна прилика за усовршување и работа во најсовремените лабаратории.

Додека во 2008 година околу 6000 луѓе присувствуваа на овој невообичаен универзитет, претходната година и покрај економската криза, нивниот бројз се зголеми за 90%. Интересот за произведување на најквалитетниот сладолед одамна ги помнина италијанските граници, а меѓу студентите има и луѓе од Авастралија, Кина, Либан, Велика Британија. Нивна заедничка цел е да бидат најдобри кога ќе се вратат во својата земја.

Универзитетот на студентите им нуди најквалитетна прилика за усовршување и работа во најсовремените лабаратории. Освен тоа што учат како да мешат слични и традиционални вкусови, студентите се мотивираат да истражуваат и нови вкусови, како што е сладолед од црно вино, маслиново масло, сирње и босилок.

Универзитетот нуди шест курсеви и основна идеја е произведување на сладолед како мешавина од наука и уметност. Според зборовите на производителот, тајната во произведувањето лежи во постигнување баланс меѓу два фактори – мастите во млекото и павлаката што се зацврстува во текот на ладењето, шеќер од овошјето или чоколадата која го омекнува истиот процес. Исто така еден од најважните фактори е големината на ледот, колку се помали, толку е повкусен сладоледот.

Економската криза дури позитивно влијаеше на овој Универзитет бидејќи многумина луѓе кои останале без својата работа на овој универзитет видоа прекрасна прилика за учење за производството на сладолед.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail