Универзитетите ќе ги презентираат студиските програми пред средношколците

Untitled1-702x336.png

Од денеска средните училишта на Град Скопје ги отвораат вратите за универзитетите за презентација и промоција на нивните студиски програми пред средношколците. Со проектот кој градот го почна минатата година, универзитетите ќе им овозможат на идните студенти поблиску да се запознаат со можностите за професионален развој.

Во рамките на отворените денови учениците ќе имаат можност непосредно и подетално да добијат информации за студиите за кои се интересираат, да добијат одговори за сите нивни прашања и дилеми и да направат вистински избор при донесувањето на одлуките.

За организација на отворените денови и полесна комуникација меѓу средните училишта и универзитетите се задолжени стручни лица во Секторот за образование на Град Скопје

извор: радиомоф.мк

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail