ffd2207a-ac66-435d-9ad0-75790ed89042.jpg

Универзитетот ФОН и SWISS UMEF Универзитетот од Женева, Швајцарија, денес потпишаа договор за издавање на двојни дипломи со кои, студентите имаат можност да студираат во прв, втор и трет циклус студии, со македонска школарина, по исти услови и во државава и во Женева, а ќе добијат, двојни дипломи. Усогласувањето на студиските програми,контролата на квалитетот и и критериумите што ги нуди швајцарскиот образовен систем, траеше повеќе од една година и денес, конечно, имаме особена чест и задоволство да ги најавиме овие заеднички програми со двојни дипломи.

SWISS UMEF Универзитетот ќе им обезбеди на студентите од Северна Македонија да студираат по локални цени со македонска школарина и да се здобијат со квалитетно образование и швајцарска диплома, која несомнено ќе им овозможи голема можност за вработување по завршувањето на студиите. Воедно, универзитетите ФОН и UMEF започнуваат кампања и за студентите од регионот и интернационални студии за студентите од трите континенти каде е присатен SWISS UMEF Универзитетот од Женева.

Универзитетот UMEF важи за еден од поелитните универзитети на кој годишната школарина во Швајцарија изнесува 30 000 CHF.

UMEF Универзитетот има двојна акредитација за престижните ASIC (Британско независно тело за акредитација на високообразовни институции поддржано од Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска) и IACBE (Интернационалниот совет за акредитација на универзитети на кои се изучуваат студиски програми поврзани со бизнис економијата) и е сертифициран од EduQua (Националното тело за оценување на квалитетот на високото образование во Швајцарската Конфедерација). IACBE е призната и од CHEA-најголемата организација во Соединетите Американски Држави за оценување на квалитетот на високото образование.

Студентите ќе можат да се запишат на студиски програми за додипломски студии, маsтeр студии и докторски студии, на сите студиски програми на Факултетот за Економски науки и Факултетот за правни и политички науки и своето образование да го капитализираат со double degree дипломи. Овие студиски програми, конечно ќе образуваат кадри кои ќе создаваат работни места и проекти , наместо да бараат да бидат вработени и ангажирани.

Меморандумот го потпишаа Генералниот менаџер на Универзитетот ФОН , м-р Сефер Цаноски и претставникот на SWISS UMEF Универзитетот од Женева, проф. Djawed Sangdel, во присуство на ректорот на Универзитетот ФОН, проф д-р Нано Ружин и деканите на факултетите за Економски науки, проф. д-р Никола Поповски и за Правни и политички науки , проф. д-р Љубомир Данаилов Фрчкоски.

Почетокот на 17-та студиска година на постоење, пионерот на приватното високо образование во Република Северна Македонија, Универзитетот ФОН го одбележува прераснувајќи во најцврстиот мост кој води најбрзо и со македонски цени, до светски признатото и јасно препознатливо, квалитетно образование.

Ние, денес, уште посигурно тврдиме дека инвестицијата во квалитетно образование, се враќа со најдобри камати.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail