Универзитетот на Југоисточна Европа домаќин на меѓународната конференција за поврзување на бизнисот со академијата

picture1504.png

„Градење на мостови помеѓу истражувањето во бизнисот и потребите на индустријата“, беше темата на меѓународната научна конференција,која се одржа на 17-18 февруари во Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, организирана од Факултетот за бизнис и економија.

 

„Деловната заедница да се запознае со она што се предава на Универзитетот на Југоисточна Европа, а Универзитетот да дознае кои се потребите на пазарот на трудот.“, рече ректорот проф. д-р Замир Дика, кој имаше пригодна реч на отворањето на конференцијата.

На конференцијата беа презентирани и истражувачки трудови од меѓународни професори и од професори од земјава. Целта е да се поврзе стопанството со тие што се директно вклучени во практиката од академскиот дел, професорите и студентите за да можат да имаат подобри релации и соработка во иднина.

Сите трудови од конференцијата ќе се објавуваат, се со цел од неа да произлезе добар придонес за општеството.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail