Универзитетот „Св. Апостол Павле” ќе соработува со Универзитетот СОКА од Токио

sorabotka.jpg

Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле” од Охрид и Универзитетот СОКА со седиште во Токио во Јапонија потпишаа меморандум за соработка.

Како што соопшти Охридскиот универзитет, документот во просториите на СОКА го потпишале амбасадорката на Македонија во Јапонија Андријана Цветковиќ, во име на ректорот Нинослав Марина, и претседателот на Универзитетот СОКА, Јошихиса Баба.

– Меморандумот предвидува соработка помеѓу универзитетите преку размена на студенти и професори, соработка на истражувачки проекти и публикување на резултатите. Во текот на годината висока делегација од Универзитетот СОКА ќе го посети Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле” Охрид, по што ќе започне и предвидената студиска размена, соопшти Охридскиот универзитет.

Амбасадорката Цветковиќ изразила задоволство од потпишувањето на Меморандумот, истакнувајќи дека тој ќе придонесе за зајакнување на соработката во образованието и зајакнување на билатералните врски меѓу Република Македонија и Јапонија.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail