Универзитетот за туризам и менаџмент имаше свое излагање на последната онлајн средба за проектот сите патишта водат до Рим

All_roads_lead_to_rome2.webp

Универзитетот за туризам и менаџмент на 26.01.2022 зема учество последниот состанок на проектот All Routes Lead to Rome. Поради пандемијата на КОВИД-19, состанокот беше реализиран во онлајн форма на основ на агенда развиена и споделена заеднички од страна на сите партнери.

На состанокот, партнерите ги дискутираат последните чекори преземени во текот на последните месеци од проектот. Универзитетот за туризам и менаџмент како одговорни партнери за IO4, ги презентираа последните подготвени документи за истиот. Воедно, УТМС имаше и кратка презентација за одржаниот настан во просториите на универзитетот. Презентацијата на проектот се одржа на 11 декември 2021 година. Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје го организираше настанот. Поради Ковид пандемијата, бројот на учесници беше ограничен.

All Routes Lead to Rome е проект кофинансиран од Erasmus+ програмата на Европската Комисија, кој вклучува Конзорциум на 8 партнери од 5 земји (Белгија, Италија, Грција, Македонија и Шпанија).

Проектот има за цел да овозможи универзитетските студенти да ги препознаваат и трагаат по најдобрите стратегии за да го зголемат економскиот поврат на античките патни мрежи, да развијат основни и трансверзални вештини како самодоверба, лидерство и способност за работа во групи, решавање на проблеми, совладување на дигитални вештини и познавање на повеќе јазици.

извор: utms.edu.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail