УНИВЕРЗИТЕТОТ ЗА ТУРИЗАМ И МЕНАЏМЕНТ ВО СКОПЈЕ УЧЕСТВУВАШЕ ВО ОНЛАЈН СРЕДБАТА ALL ROUTES LEAD TO ROME НА 18 НОЕМВРИ 2020

UNIVERZITETOT-ZA-TURIZAM-I-MENADZMENT-VO-SKOPJE-UCHESTVUVASHE-VO-ONLAJN-SREDBATA-ALL-ROUTES-LEAD-TO-ROME-NA-18-NOEMVRI-2020.jpg

УНИВЕРЗИТЕТОТ ЗА ТУРИЗАМ И МЕНАЏМЕНТ ВО СКОПЈЕ УЧЕСТВУВАШЕ ВО ОНЛАЈН СРЕДБАТА ALL ROUTES LEAD TO ROME НА 18 НОЕМВРИ 2020

Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје на 18.11.2020 зема учество во петтата проектна средба на проектот All Routes Lead to Rome. Поради пандемијата на КОВИД-19, состанокот беше реализиран во онлајн форма на основ на агенда развиена и споделена заеднички од страна на сите партнери.

На состанокот, Партнерите дискутираа за напредокот на проектот и видеата креирани од страна на партнерите. Партнерите ги разгледаа сите видеа и дискутираа за содржината, стилот како и за ефектот кој истите ќе го имаат врз студентите. Се договорија за краен рок за финалната верзија на видеата – 27 ноември.

All Routes Lead to Rome е проект кофинансиран од Erasmus+ програмата на Европската Комисија, кој вклучува Конзорциум на 8 партнери од 5 земји (Белгија, Италија, Грција, Македонија и Шпанија).

Проектот има за цел да овозможи универзитетските студенти да ги препознаваат и трагаат по најдобрите стратегии за да го зголемат економскиот поврат на античките патни мрежи, да развијат основни и трансверзални вештини како самодоверба, лидерство и способност за работа во групи, решавање на проблеми, совладување на дигитални вештини и познавање на повеќе јазици.

Извор: УТМС

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail