Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје зема учество во втората проектна средба на проектот All Routes Lead to Rome

All_roads.png

Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје зема учество во втората проектна средба на проектот All Routes Lead to Rome. Поради пандемијата на КОВИД-19, состанокот, првенствено планиран да се одржи во Брисел, беше реализиран во онлајн форма на основ на агенда развиена и споделена заеднички од страна на сите партнери.

На состанокот, партнерите дискутираа за напредокот на проектот и продолжувањето на роковите поради пандемијата на КОВИД-19. Особено, тие се фокусираа на состојбата на развој на платформата Open Educational Resources која веќе е онлајн на https://romanroutes.eu/index.php . Понатаму, партнерите го претставија мапирањето на претприемничкиот потенцијал на Roman Routes развиен под Intellectual Output 2.

Во следните месеци работењето ќе се фокусира развивањето на Тренинг содржините да биде поставено на платформата со цел да се понудат неформални образовни курсеви за претприемништво поврзани со туристички проблеми и потенцијалот на Roman Routes, исто така насочен кон луѓе во неповолна положбa

All Routes Lead to Rome е проект кофинансиран од Erasmus+ програмата на Европската Комисија, кој вклучува Конзорциум на 8 партнери од 5 земји (Белгија, Италија, Грција, Македонија и Шпанија).

Проектот има за цел да овозможи универзитетските студенти да ги препознаваат и трагаат по најдобрите стратегии за да го зголемат економскиот поврат на античките патни мрежи, да развијат основни и трансверзални вештини како самодоверба, лидерство и способност за работа во групи, решавање на проблеми, совладување на дигитални вештини и познавање на повеќе јазици.

erazmus

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail