Завршивте средно училиште, се подготвувате за полагање на матурата и интензивно размислувате каде ќе го продолжите своето високо образование?

Доколку сакате да се запишете на факултет кој нуди меѓународно признаени дипломи (во ЕУ и САД ), висок квалитет на образование, а притоа да не не плаќате школарина –Словенија е вистинската студентска дестинација за вас!

Уште една голема предност да се запишете на додипломски или на магистерски студии во Словенија е тоа што нема приемни испити (освен на уметничките смерови).

Пријавните рокови за упис на додипломски и магистерски студии во Словенија сеуште траат, не ја пропуштајте шансата за упис!

Пријавниот процес на словенечките високообразовни установи почнува во февруари и во зависност од факултетот тој трае до септември, односно во неколку рокови. Доколку го испуштивте првиот пријавен рок, тоа воопшто не треба да ве обесхрабрува, бидејќи сеуште имате големи шанси за упис на факултет во Словенија. Словенечките универзитети имаат втор, трет, па дури и четврти пријавен рок.

Земјата нуди околу 1500 студиски програми на 6 универзитети и 48 самостојни образовни установи според Болоњскиот ситем, сите акредитирани од словенечкото министерство за високо образование, наука и технологија.

Токму затоа секој иден студент во Словенија се пронаоѓа во некоја од програмите и има можност да се пријави во еден од пријавните рокови, согласно своите интереси, амбиции, лични квалитети и желби за професионално усовршување.

Најголемата предност за студии во Словенија, која оди во прилог на сите идни студенти од државите на Западен Балкан: Северна Македонија, Србија, БиХ и Црна Гора, е тоа што за граѓаните на овие земји додипломските и магистерските студии на сите државни факултети во Словенија се целосно бесплатни.Ова се должи на билатералните договори кои овие држави ги имаат склучено со Словенија и важат сѐ до нивното влегување во ЕУ.

Како може „2ТМ“ да ви помогне да се запишете на факултет во Словенијa?

Бесплатни студии, меѓународно признаена диплома(во ЕУ и САД), упис без приемни исптити, блиска културa иминимална јазичка бариера… овие предности ве убедија да ја донесете одлуката за студии во Словенија, но не знаете што понатаму? Кои услови треба да ги исполнувате, кои документи ви се потребни при уписот, од кога до кога траат пријавните рокови, како тече целата уписна процедура на словенечките факултети?

Кои студиски програми ги има на универзитетите во Словенија?

„2ТМ“ ги има одговорите на сите ваши прашања и може да ви помогне при усписите на словенечките високообразовни институции. Специјалистите за високо образование во 2ТМ ги знаат сите грижи и дилеми на идните студенти, ги следат сите актуелности во словенечкото високо образование, ги знаат сите детали и рокови на уписните процедури.

2ТМ е единствената фирма во Словенија која нуди советување во областа на високото образование, а стотиците запишани странски студенти на кои сме горди, ни потврдуваат дека добро работиме.

Ние знаеме дека добриот разговор, слушањето на желбите на идниот студент, па дури и на неговите родители е темел на одлична соработка. Затоа сме подготвени да ги искористиме нашите долгогодишни искуства и знаења и да ви помогнеме и вам на патот до вашето успешно запишување на факултет во Словенија.

Доколку сакате сигурен упис на додипломски или на магистерски студии во Словенија, контактирајте стручњак во 2ТМ. Заедно ќе ја пронајдеме најсоодветната студиска програма за вас и местото на студии. Нашите специјалисти за високо образование ќе ја преземат работата со целата потребна документација. Ние, во ваше име ќе ја водиме пријавната процедура и ќе бидеме со вас на секој чекор до целта. Индивидуалниот пристап на нашите специјалисти ќе ви овозможи 100% упис на саканата студиска програма. По добивањето на потврдата за прием на еден од факултетите, 2ТМ ќе ви помогне и во регулирање на дозволата за престој врз основа на студиите.

3 клучни причини за користење на нашите услуги:

  • секогаш ја наоѓаме најсоодветната студиска програма за нашите странки – го гарантираме уписот
  • со целата бирократија се бавиме исклучиво ние, вие доаѓате во Словенија само еднаш, пред почетокот на студиите
  • сите информации ги добивате на едно место.

Доколк сакате високо квалитетно образование во Словенија, инвестирајте во вашата иднина и доверете ни го нам вашиот успех!

За бесплатна консултација со специјалистите за високо образованиена 2TM, повеќе информации за студиите во Словенија обратете се на [email protected], на нашата Фејсбук страна Студирај во Словенија или исполнете го образецот на оваа страна.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail