Уред кој спасува човечки животи од поплави, конкретна прогноза за локација и време

ured.jpg

Иновацијата која би требало да ни алармира при обилни врнежи, поплави, а главната цел е да спасува човечки животи е уред-семафор на долгогодишниот метеоролог Борис Секирарски. Идејата за електронски водена интернет прогноза или популарно ЕЛИФ е од поодамна:

„Мене искрено ме изненади дека во денешно време 2015 од во реката Пена изгубивме и тоа неколку детски животи. Кога во 2016 во Стајковци имавме многу поголема катастрофа со многу повеќе човечки жртви, сфатив дека нешто не е во ред. Прогнозите се дадени, системите за рана најава работат, луѓето се известени дека ќе има невреме, но интензитетот на невремето ги изненади и проценката што може да им се случи на таков широк простор како Стајковци, би требало да се постапи на друг начин“, изјави Борис Секирарски, иноватор на ЕЛИФ.

Уредот треба да се постави на критичните места, каде што сметаме дека треба да се постави во Македонија, а може и пошироко во соседните земји. Секирарски вели дека тесните долини на Шара, кои завршуваат со мали населени места се најризични, но и дека под ризик има и мали гратчиња, таму каде што реката слегува од планината. Еве на кој принцип функционира:

„Уредот го корист интернетот, тој нема ништо друго освен способност да чита од интернет преку телефонска картичка, една состојба која се освежува на 15 минути на компјутер“, рече Борис Секирарски, иноватор на ЕЛИФ.

Ако има изгледи дека нивото на водата која се очекува од опасната облачност и понатаму ќе расте, со еден поглед може да се процени опасноста, бидејќи на уредот-семафор засветува црвено.

„Црвено е не треба да излезам надвор, да се качам еден кат погоре, никако да отидам во подрум да го спасувам автомобилот, животните. Тоа треба да го направам подоцна кога ќе се спушти нивото на водата. Брзите поплави кратко траат“, додаде Борис Секирарски, иноватор на ЕЛИФ.

Поплавите се голем проблем за многу странски земји. Оваа година Медитеранот имаше бројни брзи поплавувања, некаде и со жртви како во Франција и Италија. Тие имале прогноза за денот и за поширокиот регион, но не за нивната населба и во тој момент. Елиф токму тоа го премостува. Секирарски работи повеќе од 30 години како метеоролог досега не слушнал за уред кој ќе работи на превенција од поплави и заштита на луѓето. Не случајно неговата иновација ја доби наградата Златен медал од Иновамак 2018.

Репортер: Александра Велинова за tv21.tv/mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail