Уред за „гушкање“ на срцето кој му помага да пумпа крв

vest_1_srce_1.jpg

Истражувачи од универзитетот Харвард во соработка со други институции создале робот кој буквално го гушка срцето за да му овозможи да продолжи да пумпа крв.

Нивното истражување е одговор на лошите страни на традиционалните вентрикуларни помошни уреди, кои ја отстрануваат крвта од срцето пред да ја пумпаат назад во аортата или пулмоналната артерија. Проблемот е што овие вештачки уреди се во директен контакт со крвта, што го зголемува ризикот од нејзино згрутчување.

Уредот создаден од дипломираната студентка Елен Рош и нејзиниот ментор Конор Волш не доаѓа во директен контакт со крвта, бидејќи е направен од флексибилен материјал способен да „соработува“ со комплексните ритмови на срцето. Силиконскиот уред е буквално еден вид на прекривка која содржи активатори кои контрахираат кога се наполнети си воздух под притисок.

Кога уредот е поставен околу срцето, овие контракции се користат да му помогнат да продолжи да пумпа крв, а неговото движење може да се контролира со прилагодување на протокот на воздух.

Тимот истражувачи го тестирал уредот врз лешеви од свињи, синтетички срца, па дури и на жива свиња чие срце откажувало, а се надеваат дека скоро ќе може да го испробаат и врз човечки партиципанти, како и да испитаат како би можеле да го ги редуцираат воспаленијата кои можат да се појават на површината на срцето (со која уредот има допир).

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail